Ivana Ramadanova
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
СКОПЈЕ АА - Сојузот на стопански комори на денешната прес-конференција ги презентираше резултатите и предизвиците на земјите членки на Коморскиот инвестициски форум во исполнувањето на планот на „Берлинскиот процес”, јавувa Anadolu Agencu (AA).
Спред Софче Јовановска, советник на управниот одбор на Стопанската комора, со имплементацијата на заклучоците од „Берлинскиот процес“, преку јакнењето на регионалната соработка, претседателите на коморите од Западен Балкан, на 27-ми август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишаа Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум (КИФ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес.
„На регионот на Западен Балкан му се потребни: структурни реформи, борба против корупцијата но и надминување на уште многу други предизвици, со коишто се соочуваат сите земји од регионот. Важно е регионот на Западен Балкан да се преобрази од простор од кој се заминува во простор на кој се останува. Токму затоа, Коморите на земјите од регионот во Коморскиот инвестициски форум гледаат како на идеална платформа за соработка, со цел да ги поврзат економиите и така да се обезбеди спроведување на стратешки инфраструктурни проекти, проекти во коишто мора да ги вклучиме членките, стопанствениците, со цел да им се овозможи значително побрз економски развој, и на крајот да се реализраат стратешките интереси на земјите од регионот и ЕУ”, изјави Јовановска.
Јовановска смета дека за добивање на комплетна слика за регионот важно е да се анализира и порастот на индустриското произвводство.
„Додека Црна Гора, Србија и Косово бележат голем пад на индустриското производство изразено со негативни бројки, Македонија е на прво место со 4,8%, и далеку повисоко од европскиот просек во ЕУ28 кој изнесува 1,1%. Податоците за годишната инфлација парираат и со претходно изнесените податоци за порастот на индустриското производство а Македонија бележи само -0,2% инфалција”, смета Јовановска.
Од Стопанска комора велат дека заднички предизвик за сите земји од регионот е големата стапка на невработеност, а посебно невработеноста на младите во КИФ регионот, проблем со кој се соочуваат сите земји, освен Словенија.
Словенија како членка на ЕУ најдобро котира, со сaмо 9,7% невработеност, што е скоро колку и eвропскиот просек за ЕУ28 кој изнесува 9,0%.
Косово и Македонија се со најголема стапка на невработеност, која е 4 односно 3 пати поголeма од ЕУ28 просекот. Загрижувачки се бројките кои ја покажуваат стапката на невработеност на младите, каде што половина од невработените во Македонија се млади луѓе. Ваков проблем имаат и Босна и Херцеговина и Косово со поголема стапка на невработени млади луѓе, во однос на Македонија.