Besar Ademi
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на консултантските компании во соработка со Сојузот на стопански комори на Република Македонија, во Скопје се одржа првата меѓународна конференција за енергетика во Македонија, којашто има за цел да им помогне на граѓаните и на компаните во земјата за решавање на нивните прашања во врска со енергетиката, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа конференција беа објаснети и законите и прописите со коишто може да се соочат во текот на изградбата на малите хидроцентрали, фотоволтаичните енергетски централи, како и многу други слични прашања околу поврзувањето на дистрибутивната мрежа, купувањето и продавањето на електричната енергија.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, кој најави изградба на десетици мали хидроелектрични центри, изјави: „Малите хидроелектрични централи со капацитет до 10 MW припаѓаат на групата обновливи извори на енергија, за кои има доволно поддршка; тие придонесуваат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и немаат негативно влијание врз животната средина“.
Тој додаде дека во министерството што тој го води, за следниот период се спроведуваат процедурите за 11 мали хидроелектрични центри во места предложени од страна на заинтересирани правни и физички лица за кои е утврдено дека има услови за реализирање.
„Во следниот период планираме да ја отпочнеме процедурата за физибилити студија на новите локации за новите хидроелектрични центри. Со ова ќе продолжиме да ја остваруваме една од долгорочните цели на владата во областа на енергетиката, за користење обновливи избори на енергија и производство на еколошки чиста електрична енгергија“, рече Темелковски.
На оваа конференција, странските и домашните експерти зборуваа за придобивките, стандардите и развојот на енергетиката во Македонија, како и за можностите за нов инвестициски циклус во оваа област, каде што беа разјаснети постапките за следната година. Исто така, присуствуваа претставници од министерствата и компетентните институции, домашни инвеститори од Турција и од Србија кои покажа голем интерес за развојот на енергетиката во Македонија.
Заменик-директорот на компанијата „ЕМРЕ“ од Анкара, Серкан Џошкун, за АА рече дека компанијата „ЕМРЕ“ за првпат во Македонија инвестирала минатата година, со купувањето на 4 хектари земја во Македонски Брод, каде што започнала со инвестиции за соларна енергија.
„Планираме до 2018 година, во Македонија да инвестираме околу 450 милиони евра во областа на соларната енергетика. Имам уште еден проект и се надеваме дека во најскоро време ќе се активира тој проект. Ако се исполнат условите за инвестирање, ние ќе продолжиме да инвестираме и во другите области“, се изјаси Џошкун.
Во меѓувреме, турскиот инвеститор за развој на еко-петролот во Македонија, Исмет Кандемир, за АА рече дека се планира еден проект за отстранување на отпадните масла, со којшто ќе профитира економијата на Македонија.
„Во следните денови очекуваме да се направат финалните оценувања за реализирање на овој пројект. Пред една година во Тетово ја основавме и нашата фабрика. Моментално продолжуваме со нашите инвестиции и за наскоро од Министрерството за екологија ќе ја земаме лиценцата и ќе продолжиме со нашите активности“, изјави Кандемир.