Dzihat Aliju
09 декември 2015•Ажурирај: 11 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денеска започна симпозиумот „100 години од Првата светска војна, фронтот Чанаккале и Глобалните резултати", јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Иванов, во својот говор на отворањето на симпозиумот, изрази задоволство што учествува на ваков симпозиум, кој се одржува под негово покровителство , а во организација на МАНУ, каде што присуствуваа преставниците на државните архиви на Република Македонија и Република Турција.
Иванов додаде дека е важно што на овој начин се збогатува и се проширува соработката помеѓу овие две земји.
Директорот на Државниот архив на Република Турција, Унал изрази дека во историјата на овој настан, најважен извор е архивот и кажувајќи дека "многу информации кои ќе се воведат без архиви, и без да се гледат историските записи , ќе бидат информации без вистината, и нема да ја откриваат вистината".
Директорот на Државниот архив на Македонија Филип Петровски, изјави дека во симпозиумот на кој учествуваат претставници од пет различни земји ќе се разговара за прашањето на поделбата на Македонија, пред и после Втората Светска Војна.
На симпозиумот кој се одржува под покровителство на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје Омур Шолендил, Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски, Директорот на Државниот архив на Република Турција Угур Унал, заменик-претседателот на Јунус Емре Институтот Абу Бакр Чејлан, академици и други гости.
Симпозиумот на 9-ти и 10-ти декември ќе се одржува во Скопје, додека на 12-ти декември во Битола, ќе се разговара на темите "Стратешката локација Чанаккале во одбраната на Истанбул", „Прашањето за Македонија и Првата Светска Војна", „Балканските пропаганди до 1915 година, и резултатите на Османлиската империја" .