Halit Süleyman
28 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Руски воен авион нападна полска болница во Алепо сместена во областа која е под контрола на сириските опозициски сили, каде според првичните информации загинаа 30 лица, меѓу кои се и вработени во болницата, а 62 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјаниот претставник на Цивилната одбрана во Алепо, Ибрахим Хаџ Ибраим, за АА изјави дека руски воен авион извршил воздушен напад врз полска болница Кудус во месноста Сукери, во Алепо која е под контрола на опозициските сили. Во нападот загинале 30 лица, а 62 се повредени.
Меѓу мртвите и повредените повеќето се жени, деца и вработени во болницата, и се стравува од зголеување на бројот на мртви, изјави Ибрахим, додавајќи дека екипите на цивилната заштита се обидуваат да ги спасат лицата кои останале под урнатините на болницата по бомбардирањето од страна на руските авиони.
Руските авиони и во текот на денот ги бомбардирале населените области во месноста Баб Нејраб. Со интензивна работа екипите на цивилната заштита успеале да ги извлечат под урнатините многуте повредени лица, истакна Ибрахим и додаде:
„Веќе една недела и авиони на Русија и силите на режимот, интензивно ги бомбардираат местата со цивилно население во Алепо. Русите оваа вечер по бомбардирањето на полска болница Кудус во месноста Сукери, по втор пат ја бомбардираа и околината на болницата и екипите за помош кои се упатиле кон болницата. Поголем дел од починатите од нападот се цивили - пациенти кои биле лекувани во болницата.Русија и силите на режимот особено ги бомбардираат населените места и местата на кои им се пружа помош на цивилите.“
Вчера руските авиони го бомбардираа центарот на екипите за цивилна заштита во областа Етариб, западно од Алепо, при што загинаа 5 лица, а центарот претрпе голема материјална штета.
На 30 септември Русија ги започна своите воздушни напади во Сирија, а на 14 март најави дека е донесена одлука за намалување на бројноста на своите сили. Под надзор на Обединетите нации (ОН) на 27 февруари е донесен одлука за привремен и делумен прекин на огнот. По одлуката Русија во голема мера стави крај на воздушните напади. Но областите на Туркмендаг, Идлиб, Хомс и Алепо, повремено се цел на руските авионски напади.