АНКАРА (АА) – МУРАТ ТЕМИЗЕР
Преку планираните проекти и проектите во изградба, Соединетите Американски Држави (САД) се очекува до 2024 година да достигнат извозен капацитет во износ од 300 милиони тони во секторот на течниот природен гас (ЛНГ) и на овој начин ќе го затресат престолот на лидерот во овој сектор, Катар, кој моментално се соочува со „дипломатска конфронтација“.
Според информациите на Anadolu Agency (AA) ги доби од Меѓународниот сојуз на природен гас и од Сојузот на меѓународни извозници на ЛНГ, со извос на ЛНГ во износ од 77 милиони тони, минатата година Катар го зеде првото место на глобалниот пазар.

Над 60 отсто од извозот на ЛНГ на Катар се реализирани во азискиот регионот. Земјите во кои Катар го реализирал најголемиот дел на извозот биле Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Обединето Кралство како и Кина.
На годишно ниво, Катар извезува 14,5 милиони тони ЛНГ во Јапонија, 12,3 милиони во Јужна Кореја, 8,8 милиони во Индија, 9,3 милиони во Обединето Кралство како и 5 милиони тони во Кина.
- САД, најмоќните кандидати
САД кои се претставуваат како најмоќните кандидати за престолот на Катар во блиското минато, имаат годишен извоз на ЛНГ од 330.000 тони, додека целиот овој извоз се реализира во Тајван и Јапонија. Преку инвестиции, чиј дел од нив ќе завршат во 2018 година, а еден дел во 2024 година, САД имаат за цел да заземат поактивна улога во Азија на среден рок.
САД моментално поседуваат еден активен терминал за извоз на ЛНГ. Меѓу другото, оваа земја има шест терминали кои се во изградба, како и план-проект за изградба на 30 други терминали за ЛНГ.
Според пресметките, шестиот капацитет на проектите на САД кои се во изградба, достигнуваат до 57,55 милиони тони.
Со изградба на терминалите и со ставање во функција 30-те планирани терминали, се предвидува оти вкупниот извозен капацитет на ЛНГ на САД ќе достигне над 300 милиони тони.
САД, кои освен Латинската Америка ја имаат за цел особено и Кина, се очекува дека со планираните проекти, и со тие во изградба да го затресат престолот на светскиот лидер на ЛНГ, Катар.
Од друга страна, земја која сеуште се наоѓа на второто место на светско ниво како вториот најголем продавач на ЛНГ е Австралија, која поседува четири терминали со извозен капацитет од вкупно 32,8 милиони тони. Австралија моментално има пет терминале во изградба, и осум терминали во план. Вкупниот капацитет на овие инвестиции ќе биде 63,8 милиони тони, додека вкупно со моменталниот капацитет, Австралија на среден рок ќе го помине Катар.
- И Русија се ориентира кон ЛНГ
Исто така и Русија, светксиот лидер на приодниот гас која најголемата продажба ја врши преку цевководи, се обидува да се вклопи во доминантниот тренд на енергетскиот пазар и да се ориентира кон ЛНГ.
Момнталниот капацитет на активниот ЛНГ терминал на Русија, Сакалин II, достигнува до 9,6 милиони тони. Преку овој терминал, Русија најголемиот дел од својата продажба ја реализира во Јапонија. Меѓу другото, во нејзината програма постојат терминали во изградба како и три планирани терминали.
Додека продолжува изградбата на терминалот Јамал кој е поддржан од страна на Кина, со соединување на капацитетите на другите три проекти, вкупниот капацитет на Русија во среден рок ќе достогне до 46,5 милиони тони.
- И Иран посакува свој удел на пазарот на ЛНГ
Во меѓувреме, исто и Иран посакува да го има својот удел во пазарот на ЛНГ, но поради меѓународните санкции не можел да ги реализира проектите за иградба на ЛНГ терминали.
Моментално, Иран не поседува активен ЛНГ терминал, но има вкупно четири проекти планирани од претходно. Преку овие, тој започнал да го изгради „Иран ЛНГ Терминал“, но изградбата била прекината поради санкциите.
Бијан Намдар Зангенех,, министерот за нафта на Иран, во април го покани францускиот гигант Тотал да инвестира во Иран во секторот на ЛНГ.
Во меѓувреме, со цел да опстане во целиот овој процес, Катар бара можности за соработка со Иран во секторот на природниот гас, но ретаргетирање на Иран од страна САД се очекува да создаде сериозна пречка за оваа соработка.