İdris Okuducu
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Командантот на заедничките операции на Соединетите Американски Држави во Ирак, генерал Ралф Бејкер, соопшти дека во текот на наредната година САД ќе даде помош од 364 милиони долари за пешмергите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека Керим Синџари, министер на Регионалната курдска управа на Ирак за прашањето на пешмергите, остварил средба со Бејкер и со неговата делегација.
Според ова соопштение, американскиот генерал Бејкер за време на средбата истакнал дека неговата земја ќе продолжи да ги вооружува пешмергите, и оти американскиот Конгрес за таа цел ќе издвои 364 милиони долари во наредната година.
Од друга страна, се истакнува дека Синџари упати благодарност до САД и до силите на меѓународната заедница, за нивната помош за пешмергите. Според соопштението, министерот изразил желба коалициските сили да останат во подрачјето на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак за обучување на пешмергите.