Murat Karadağ
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
КЕЈПТАУН (АА) - Четириесет отсто од децата во Јужноафриканската Република растат без татко, 20 отсто од нив живеат во недостаток на семејна атмосфера и 33 отсто од овие деца се изложени на сексуална злоупотреба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за деца при Универзитетот Кејптаун објави извештај којшто вклучува статистички истражувања за децата во Јужноафриканскара Република.
Според извештајот, 40 отсто од децата во Јужноафриканската Република растат без татко, 20 отсто од нив живеат во недостаток на семејна атмосфера и 33 отсто од овие деца се изложени на сексуална злоупотреба.
Во извештајот се наведува дека најмалку 5 милиони деца во земјата живеат на работ на глад, а 12 отсто од децата живеат под границата на сиромаштијата.
Исто така, се истакнува дека родителите на 33 отсто од децата во земјата се невработени.
Министерот за планирање, следење и оцена на оваа земја, Џеф Редебе, истакна дека иднината на овие деца е во сериозна опасност.
„Свесни сме дека треба да инвестираме во нашите деца за развој на долг рок“, рече Редебе.