Ekip?
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
СЕУЛ (АА) - Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја едноподруго лансирала три балистички ракети во отворени води, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Здружениот генералштаб на Јужна Кореја се тврди дека проектилите биле истрелани денес попладне, од провинцијата Северен Хванхе, а се движеле источно, преку Полуостровот.
Тие не прецизираа колку далеку патувала ракетата. Минатиот месец, Северна Кореја тестираше лансирање на балистичка ракета од подморница којашто патуваше до зоната за идентификација, на јапонската воздушна одбрана.
На Пјонгјанг му е забрането тестирање на балистички проектили преку неколку резолуции на Обединетите нации, и веќе му се наметнати засилени санкции оваа година.
Времето на денешните лансирања кажува дека тие се, во мал дел, одговор и на напорите на Јужна Кореја и Кина за подобрување на односите, претходно во текот на денот.
Претседателката на Јужна Кореја, Пак К’н Хе, се сретна со нејзиниот кинески колега Сји Ѓинпинг на маргините на Самитот на Г-20 во Хангџоу, по противењето на јавноста во Пекинг во врска со планираното распоредување на американскиот антиракетен систем ТХААД (Терминал на висока обранбена зона) во Јужна Кореја.
Сеул постојано го оправдуваше потегот поради провокациите од страна на Северна Кореја, а Парк беше цитирана од локалната новинска агенција „Јонхап“ велејќи во разговор со Сји дека активностите на Пјонгјанг сериозно го нарушиле мирот во овој регион.
Кина се гледа како клучен сојузник на Северна Кореја, и двете страни значително се зближија во јули по објавувањето на Сеул и Вашингтон дека ќе распоредат ТХААД терминал до крајот на следната година.