Aybala Arpacı
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Белгиските весници „Последни новости“ (Het Laatste Nieuws) и „Де морген“ (De Morgen) објавија дека во насока на обезбедување поголема сигурност на аеродромот „Завентем“ во Брисел, до почетокот на 2017 година ќе се формира тим од одбрани полицајци за брзи интервенции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста, во специјалниот тим ќе бидат одбрани лица од постоечкиот персонал за безбедност и за да можат бидат поефикасни во борбата против терористичките акции, ќе бидат опремени со потешко наоружување и со потребната опрема. Овој тим ќе биде посебно обучен за различни настани што можат да се случат на аеродромот, и секогаш ќе биде подготвен за стапување во акција.
Бриселскиот аеродром „Завентем“ и метростаницата „Маелбек“ на 22 март беа цел на самоубиствен напад. Во нападот загинаа 32 лица, а 270 беа ранети. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ.