Halit Süleyman,Erdal Türkoğlu
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ИДЛИБ (АА) - Руските воздухопловни сили започнаа два воздушни напада врз болница во североисточниот дел на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Хазим Силајби од Цивилната заштита за АА изјави дека руските бомбардери продолжиле да ги бомбардираат деловите на Идлиб што се под контрола на сириските опозициски сили.
Истиот извор кажа дека руските авиони извршиле и два напада врз болница во североисточниот дистрикт Сракиб.
„Досега знаеме дека едно лице беше тешко рането во тие напади. Русите ја бомбардираа болницата којашто е единствена во оваа област и во поширокиот појас. Болницата во голема мера беше оштетена, а некои делови се целосно уништени“, рече Силајби.
Сирија речиси една деценија е средиште на политичка и безбедносна криза којашто прерасна во војна во март 2011 година, кога силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад со сила се обидоа да ги задушат продемократските протести во земјата.
Русија од 30 септември со воздушни напади ги поддржува силите лојални на режимот на Асад. Честа цел на руските напади се училиштата, болниците и пазарите во делови на Идлиб, Алепо и Хама, кои се под контрола на сириската опозиција.