Dildar Baykan
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
СЕУЛ (AA) - Властите на Северна Кореја соопштија дека успешно тестирале новоразвиена хидрогенска бомба компатибилна со интерконтиненталните балистички ракети, што војската на земјата веќе ги има во својот инвентар, пренесува Anadolu Agency (АА).
Повикувајќи се на изворите од Пјонгјанг, јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ јавува дека Северна Кореја извела ново тестирање на нуклеарна бомба, шесто по ред оваа година.
Голем потрес на тлото е регистриран рано утринава во близина на севернокорејскиот град Хамгионг, во кој се наоѓа воениот нуклеарен комплекс Пунѓиеин.
Генералот на јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за вештачки предизвикан земјотрес, а официјален Пјонгјанг потоа откри дека тоа е последица од тестирањето на новоразвиена хидрогена бомба.