?kipa
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
КАБО САН ЛУКАС (АА) - Тропската бура „Лидија“, која го зафати северозападниот дел на Мексико, однесе најмалку пет животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Поплавени се улиците и куќите, а во тек се спасувачките акции во кои се прегледуваат од евентуални жртви зафатените населени места и оштетените куќи. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на настрадани како што продолжуваат акциите за спасување.
Министерот за туризам, Луис Џенера Руиз, претходно потврди дека поради откажувањето на летовите околу 20.000 странски туристи се во тешка ситуација. Се очекува во наредните денови да дојде до влошување на временските услови.
Околу 1.400 лица бараа засолниште во објектите наменети за граѓаните погодени од невремето. Едно лице исчезна, а може да се забележат и возила во водата.