Selçuk Acar
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Гувернерот на сојузната американска држава Калифорнија, Џери Браун, поради шумските пожари прогласи вонредна состојба во северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
И гувернерот на сојузната држава Монтана, Стив Балок, прогласи подрачје на природна катастрофа. И додека на подрачјето на Тексас беснееше ураганот Харви, во западниот дел, на 56 различни подрачја има активни шумски пожари.
Над 25.000 пожарникари се борат со пожарите на подрачјето на сојузните американски држави Калифорнија, Невада, Орегон и Монтана.
Гувернерот Браун прогласи вонредна состојба бидејќи пожарот уништил 1.500 хектари земјиште во северниот дел на државата и 30 куќи.
Од неговата канцеларија најавија и евакуација на околу 500 куќи на подрчајето на Округот Бјут, на околу 140 километри од Сакраменто.
Потврдено е дека немало човечки жртви и дека е отежнато снабдувањето со електрична енергија, а дека одредени делници се затворени за сообраќај.
Портпаролката на пожарната единица на Лос Анџелес, Маргарет Стјуард, изјави дека се евакуирани околу 200 куќи.