Emre Gürkan Abay
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека транспортен авион од типот Антонов-26 се урнал во близина на воздушната база Химејмим во Сирија, и дека во несреќата животот го загубиле 32 лица, од кои 26 патници и 6 членови на екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Русија, транспортниот авион се урнал околу 15:00 часот по локално време, во близина на воздушната база Химејмим во Сирија.
Се истакнува дека во несреќата загинале 32 лица, од кои 6 членови на екипажот и 26 патници.
Во соопштението се вели дека можно е авионот да се урнал поради технички проблем.
Според првичните сознанија, не е извршен напад врз авионот. Се истакнува дека е започната истрага околу случајот.