МОСКВА (АА) - Денешната посета на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Русија ќе придонесе, како што се очекува, нормализирање на односите меѓу двете земји и враќање на славата на меѓусебните трговските односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Тоа ќе биде прва средба на претседателите на двете земји, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин од крајот на минатата година, кога на турско - сириската граница беше соборен руски воен авион, кој го наруши воздушниот простор на Турција. Денешната посета на Руската Федерација е прва посета на Ердоган во странство по обидот за државен удар на 15 јули, која беше изведена од страна на терористичката организација ФЕТО.
Според податоците на турскиот Завод за статистика (TUIK), обемот на надворешната трговска размена меѓу двете земји во периодот од првите шест месеци од оваа година е намален за 35 проценти, односно намален е од 13 милијарди на 8,5 милијарди долари. Во тој период, бројот на руски туристи во Турција е намален за 87,4 проценти, или опадна од 1.454.618 на 183.828 лица.
Посетата на Ердоган на Русија нема да претставува само значаен политички чекор. Претставниците на деловниот свет се многу задоволни од претстојната посета.
Заменик-претседателот на Деловниот совет за турско-руски односи при Одборот за меѓународна економска соработка (ДЕИК) на Турција, Али Галип Савашир, рече дека очекува многу добра средба.
„Знам дека Русија добро е подготвена за оваа средба. Ова ќе биде значајна посета како од аспект на трговските односи, така и од аспект на непријателскиот став меѓу народите”, рече Савашир потсетувајќи дека ова негативно влијаело и на Русија, која минуваше низ економска криза, но дека најмногу биле погодени турските бизнисмени.
- Угостителите положуваат големи надежи во посетата -
Претседателот на Советот за туризам на Унијата на стопански комори на Турција (ТОББ) Осман Ајик, потсети дека лошите односи со Русија, особено негативно се одразиле врз туризмот.
Ајим рече дека очекува состојбата во секторот да се поправи по посетата на Ердоган на Русија.
„Направени се подготовки за тоа. Делегација од Русија минатиот четврток беше во Истанбул, а во петокот беа на авион за Анталија. Знаеме дека посетата помина добро”, додаде Ајик.
И руската јавност има големи очекувања од состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Руски експерти потсетија дека ова е прва средба лице в лице на двата лидери, по 24 ноември, кога беше соборен рускиот воен авион.
Размената на мислењата на двајцата претседатели е важна за изнаоѓање решение за сириската криза, сметаат експертите.
Во соопштенијата од Русија се наведува дека се очекува на состанокот Ердоган-Путин да биде темелно разговарано за турско-руските односи во секоја смисла на зборот, но и за регионални прашања, вклучувајќи ја и кризата во Сирија.
Политичкиот аналитичар и претседател на консултантската компанија „Евгениј Минченко”, рече дека очекува значителни резултати во однос на економските прашања меѓу двете земји.
Минченко смета дека две важни теми ќе бидат Сирија и економските односи.
„Нема да биде лесно да се преговара за Сирија. Не мислам дека само на еден состанок ќе бидат донесени големи одлуки. Двете страни очекуваат значителни резултати кога станува збор за економските односи”, рече Минченко, кој верува дека е важен фокусот на економските односи.
Членот на Руската академија на науките, Борис Долгов, смета дека посетата на Ердоган е исклучително важна и за Русија и Турција.Долгов изјави дека ќе се разговара за економски, политички, културни и други области.
„Мислам дека замрзнатите економски и трговски проекти ќе бидат извадени од фрижидер. Тоа се темите како што е прашањето за гасоводот, за изградба на нуклеарна централа, за укинување на санкциите и за туризмот”, изјави Долгов.
Кога станува збор за политички прашања, Долгов смета дека главна тема ќе биде Сирија.
Генералниот директор на Фондот за енергетски развој, Андреј Листовскиј, смета дека Путин и Ердоган ќе разговараат за гасоводот преку Турција, познат како Турски тек.
Тој нагласи дека Русија поради политичката нестабилност во Украина, кога станува збор за пренос на гас, не сака да се приближува.
„Ова е причината зошто на Русија ѝ треба нов гасовод. Главната алтернатива е гасоводот во јужниот дел, односно Турскиот тек”, рече Листовскиј.
Листовски додава дека Анкара сè уште не му посветила еднакво внимание на проектот како Русија.
Поради тоа руските стручњаци треба да ја убедат турската страна. Доколку Русија ја покаже стратешката важност на проектот, Турција тоа нема да го одбие", рече Листовскиј.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека на состанокот ќе стане збор во која фаза и со кое темпо ќе ги заживее односите помеѓу Турција и Русија.
news_share_descriptionsubscription_contact
