Ivana Ramadanova
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Адвокатската комора на Република Македонија одржа прес-конференција со цел да ја информира јавноста за две новини кои се од особено значење не само за адвокатурата и адвокатите, туку и за граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата тема е новина која што адвокатската комора ја воведува во работењето на таа институција како асоцијација на адвокати кои што бројат околу 2.500. Таа новина се состои во целосно електронизирање на работењето и на комората и на адвокатските канцеларии кои за тоа ќе се пријават и ќе бидат подготвени.
"Се работи за софтвер кој што е набавен од средствата на адвокатската комора којшто има два сегмента. Едниот сегмент е комјутеризација на работењето на комората. Станува збор за целосно воведување на електронско водење на податоците, на издавањето на потврдите, документите и решенијата и вториот сегмент од новововедениот софтвер е компјутеризација на работењето на сите адвокати во Македонија, а тоа е овозможено од комората со едногодишно бесплатно користење на овој софтевер а понатаму со некакви симболични надоместоци за одржување на таа работа", изјави претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски.
Според него, ова е од особено значење, бидејќи се преминува на комуникација со сите дадтотеки расположливи во моментот, се воведува интерно менаџирање на канцелариите и друштвата по електронски пат, на работењето со вработените, работењето со давачките со изготвувањето на фактури, биланси итн.
Втората тема е влегувањето на Законот за нотаријат во собраниска процедура.
"Законот за нотаријат е значаен за адвокатите бидејќи со него ќе се има нивно учество во голем број нотарски постапки што досега не беше случај и законско регулирање на тоа учество. Значајна работа е зголемената правна заштита за идентични трошоци како и досега", додаде Додевски.