Sevil Çelik
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, денес во Истанбул изјави дека опасноста од терористичката организација ФЕТО сè уште не поминала, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не можеме да кажеме дека поминала опасноста од ФЕТО. Би било погрешно тоа да се изјави. Според мое мислење, точно сме на половина пат до потполна елиминација на заканата од ФЕТО“, изјави Сојлу.
Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека информацијата која претходно се појавила во врска со престојот на бегалецот на ФЕТО, Адил Оксуз, во Германија е потврдена.
„Познато е дека до пред некое време престојувал во Германија. Не можеме да зборуваме за тоа дали отпатувал некаде. Претходните информации од Германија се точни“, изјави Сојлу.