Bekim Laci
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) на денешната прес-конференција објави дека започна нова истрага под името "Тврдина" во врска со нелегалното следењето на комуникациите, која се однесува на заштитата на приватноста на нелегалното прислушување за кои се осомничени поранешни и сегашни високи функционери во Министерството за внатрешни работи (МВР), јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителката Ленче Ристовска рече дека се работи за многу комплексна тема која содржи неколку кривични дела, за кои што имаше подготвено визуелна презентација.
"Во овој случај, осомничените биле две началници на Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи дека со министерот за внатрешни работи во тоа време, во првата половина на 2015 година, употребувајќи нивноиот авторитет и надминувајќи ги нивните овластувања и со помош на еден од началниците од една од единиците се уништени опремите за следење на комуникации со што оштетиле опрема и буџет на македонската држава во износ од 10 милиони евра ", рече Ристовска.
Таа на медиумите им ја претстави целата хиерархиска шема на акцијата.
Во одбрана на презумпцијата на невиност, СЈО осомничените се регистрирани само како броеви, за кои Ристовска рече дека дејствувале во функција на официјални лица.
Како што рече обвинителката Ристовска уништувањето на опремата е спроведена од 11 март 2015 година до 28 мај 2015 година, кога беше побарано опремата да се уништи целосно од евиденцијата на МВР, додавајќи дека уништувањето е направено во еден магацин за железо.