Терористички напади во Европа од 2004 година
Терористичкиот напад во Мадрид, кој се случи во 2004 година, при што организирано беа нападнати три воза, заведен е како најкрвавиот бомбашки напад. Во последно време, нападите ги извршуват лица поврзани со ДАЕШ.
Hasan Esen
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
AnkaraАНКАРА (АА) - Во Европа, од 2004 година до денес, во терористички напади во различни земји животот го загубија стотици лица. Од овие, најкрвав беше нападот во шпанскиот главен град Мадрид, каде што во бомбашки напади во три воза, животот го загубија 191 лице.
Според информациите собрани од страна на дописникот на АА, терористичкиот напад во францускиот град Ница, во кој животот го загубија 84 лица, потсетува на големите терористички напади што беа изведени во европските градови.
Терористичкиот напад во Мадрид, кој се случи во 2004 година, при што организирано беа нападнати три воза, заведен е како најкрвавиот бомбашки напад. Во последно време, нападите ги извршуват лица поврзани со ДАЕШ.
Листа на терористичките напади извршени во главните градови на европските земји:
11 март 2004: Во Мадрид, главниот град на Шпанија, во три воза беше извршен бомбашки напад. Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападите во кои животот го загубија 191 лице, а околу 2.000 беа повредени.
7 јули 2005: Во главниот град на Англија, Лондон, четворица терористи со експлозив што го носеле во своите чанти изведоа самоубиствени напади на локации на јавниот превоз во Лондон за време на утринскиот метеж. Во нападите загинаа 56 лица, а околу 700 беа повредени.
22 јули 2011: Во Осло, главниот град на Норвешка, радикалниот десничар Андерс Беринг Брејвик изврши бомбашки напад во кој животот го загубија 8 лица. Два часа подоцна, Брејвик облечен во полициска униформа масакрираше ученици на островот Утоја, кој се наоѓа во близина на Осло, притоа убивајќи 69 адолесценти. Во двата напада, животот го загубија 77 лица, повеќе од 200 беа повредени.
7 јануари 2015: Во францускиот главен град Париз беше нападната канцеларијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“. Во нападот загинаа 12 лица, а 11 беа ранети.
9 јануари 2015: Еден од напаѓачите на канцелариите на „Шарли Ебдо“ во Париз, Амеди Кулибали, откако уби еден полицаец, зема за заложници неколкумина купувачи од еден супермаркет во источниот дел на градот и уби четворица од нив. Напаѓачот беше убиен од страна на полицијата.
Браќата Саид и Шериф Куаши кои ја нападнаа канцеларијата на „Шарли Ебдо“, во североисточниот дел од Париз, во пределот на Дамартен ан Гоел, како заложник земаа една жена во печатница. Полицијата успеа да ги елиминира напаѓачите, а заложничката беше спасена.
13 ноември 2015: Во Париз беа извршени истовремени оружени и бомбашки напади во кои животот го загубија 130 лица, а 368 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде ДАЕШ.
22 март 2016: Во белгискиот главен град Брисел беа извршени самоубиствени бомбашки напади на аеродромот и во една метро-станица, Животот го загубија 32 лица, а 270 беа повредени. И тука одговорноста за нападот ја презеде ДАЕШ.