Hakan Çopur
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека одлуката на Врховниот суд на САД, според која претходната забрана на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со влегувањето во САД на државјаните од шесте држави со мнозинско муслиманско население, делумно останува на сила, претставува победа во поглед на националната безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Едногласната одлука на Врховниот суд на САД, донесена денеска, претставува отворена победа во поглед на националната безбедност. Оваа одлука во голема мерка дозволува запирање на влегување во земјата на мигрантите и граѓаните од шест земји коишто се склони на тероризмот", истакна Трамп.
Нагласи исто така дека е негова должност, како што се наведува во соопштението, да ја штити државата од закани.
Потсетуваме, Врховниот суд на САД соопшти дека претходната забрана на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со влегувањето во САД на државјаните од шесте држави со мнозинско муслиманско население, делумно ќе остане на сила.
Американскиот суд соопшти дека ќе ја разгледа забраната на Трамп за влегување во САД на државјаните од државите со мнозинско муслиманско население. Врохвниот суд наведе дека првото рочиште ќе биде одржано во октомври. Се додава дека тогаш на сеопфатен начин ќе биде разледано прашањето на законитоста на забраната на Трамп.
Судовите на пониско ниво во САД, претходно ја блокираа забраната на Трамп за влегување на луѓето од Либија, Иран, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.