Michael Hernandez
10 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со висок саудиски функционер за случајот на новинарот на „Вашингтон пост" Џамал Кашоги, додавајќи дека „ова е многу лоша ситуација", јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е многу сериозна ситуација за нас и Белата куќа", рече Трамп.
„Мислам дека ќе дојдеме до самата срж на случајот", истакна американскиот претседател.
Новинарот и колумнистот на весникот „Вашингтон пост" Кашоги исчезна на 2 октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија.