Ramazan Turgut
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
РИЈАД (АА) - Во Саудиска Арабија е извршена смртна казна на најмалку 47 лица, вклучувајќи го и шиитски верски службеник кој беше саудиски државјанин, јавува Anadolu Agency (АА).
Саудиската новинска агенција СПА, која се повикува на Министерството за внатрешни работи, објави дека денеска е извршена смртна казна против 45 државјани на Саудиска Арабија и еден државјанин на Египет и Чад.
Се наведува како 47 луѓе биле егзекутирани поради членување во терористичка организација, организирање и спроведување на терористичките напади против јавни и приватни институции во земјава, при што загинаа невини луѓе и извршување на активности кои ја загрозуваат јавната безбедност.
Инаку, егзекутираниот шиитски верски службеник ги предводеше протестите против државата во источниот град Катиф во 2011 година. Тој подоцна беше уапсен и обвинет за поттикнување на протестите, поттикнување на бунтот и отпорот на силите за безбедност.
Кривичниот суд на 15 октомври 2014 го осуди на смрт, а 10 дена подоцна пресудата била потврдена од страна на Врховниот суд.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, тогаш изјави дека смртната казна за службеникот скапо ја чинеше Саудиска Арабија.