Seyit Ahmet Aytaç
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Турската армија во текот на изминатата недела во северен Ирак и Турција неутрализираше 52 терористи на ПКК, вклучувајќи и седум високи припадници“, соопшти Армијата денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека во периодот од 10 до 16 август, Армијата спровела антитерористички операции во турските источни области и северен Ирак.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), а во јули 2015 година ја продолжи својата вооружена кампања против Турција.
Оттогаш, ПКК е одговорна за смртта на над 1.200 припадници на турските безбедносни сили и цивили, вклучувајќи жени и деца.
Армијата соопшти дека од почетокот на започнувањето на турската офанзива „Маслинова гранка“ во сирискиот регион Африн, се неутрализирани вкупно 4.573 терористи.
Операцијата беше започната на 20 јануари од страна на Турција со цел расчистување на терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од подрачјето на сириски Африн. На 18 март, турските сили и Слободната сириска армија го ослободија центарот на подрачјето на Африн.