Deniz Çiçek Palabıyık
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за трезор и финансии на Република Турција соопшти дека денес ќе бидат пуштени низа олеснителни мерки што се однесуваат на кредитите во банките во реалниот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека кај кредитите каде што поради зголемувањето на курсот дошло до пречекорување на лимитот, пречекорувањето нема да се земе предвид, ниту барањето за затворање на кредитот.
Исто така се наведува дека кредитните линии ќе останат отворени, и ќе продолжи флексибилниот пристап во роковите и цените, со цел паричните текови во компаниите да бидат одржливи.
За кредитите чии гаранции се недоволни и останале во ризик поради ефектите на движењето на курсот, банките нема да бараат дополнителни гаранции.
На 13 август, американската администрација воведе дополнително оданочување на челикот и алуминиумот увезен од Турција, што резултираше со значителен пад на турската лира во однос на доларот. Турција потоа возврати на санкциите од САД и воведе дополнителен данок на увезените американски производи, при што на некои од производите данокот е зголемен и над 100 отсто.
Турција освен што возврати на санкциите од САД, претходно најави и преземање мерки со кои ќе им олесни на компаниите во реалниот сектор, кои го почувствуваа ефектот од падот на турската лира.