Ekipa
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, кај турскиот град Чанаккале, фатени се 41 илегален мигрант кои на илегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежните безбедносни сили спроведоа акција врз чамец што превезувал мигранти на отворени води во близина на Ајваџик.
Во рамките на операцијата се фатени 41 лице со потекло од Авганистан, меѓу кои има и деца и жени.
Авганистанците се пренесени во Центарот за враќање странци во Ајваџик за понатамошни процедури.