Tutku Şenen
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска денес соопшти дека со артилериски оган уништени се десет позиции на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека терористичките позиции во регионите Увајшијах, Џубан и Тал-Атијах се погодени со десетици проектили од хаубици, ракетни фрлачи и противоклопни проектили. „Уништени се речиси 1.580 цели со над 6.000 турски хаубици од типот „бура” од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат” во северниот дел на Сирија“, се додава во соопштението на турската војска.
Во меѓувреме, еден терорист на ДАЕШ е неутрализиран, а две возила се уништени во текот на воздушната операција од страна на коалициските сили во регионот Титанах. Во денешните судири загинаа тројца припадници на Ослободителната војска на Сирија, а седуммина се ранети.
Од почетокот на офанзивата во северна Сирија, исчистени се вкупно 107 станбени подрачја на 925 квадратни километри, истакнуваат од турската војска.
Турција објави дека офанзивата „Штитот на Еуфрат” има за цел зајакнување на безбедноста на границата, поддршка на коалициските сили и отстранување на опасноста од терористичките организации, особено ДАЕШ.