23 ноември 2015•Ажурирај: 24 ноември 2015
ДИЈАРБАКИР (АА ) - Во полициска акција во Дијарбакир југоисточно од Турција денеска се уапсени 11 лица осомничени за членство во терористичка организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА) .
Обвинителството во Дијарбакир соопшти дека координираната полициска акција е извршена истовремено на неколку локации во градот во близина на границата со Сирија.
Полициски рации биле извршени и во Бингол и Баликешир. Осомничените беа предадени на обвинителството за понатамошна постапка.