Kadir Karakuş,Hüseyin Gazi Kaykı
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
АНКАРА (AA) – Големото народно собрание на Република Турција (TBMM) го усвои нацртот на законот кој се однесува на договорот помеѓу Турција и Израел, а во врска со прашањето за израелското плаќање на оштетата за нападот на хуманитарниот брод Мави Мармара во мај 2010 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според договорот, Израел за оштетата на семејствата на страданите во нападот на Мави Мармара ќе уплати 20 милиони долари, а уплатата ќе биде извршена одеднаш.
Преку дипломатски пат, Турција на Израел ќе му достави банковна сметка на која ќе биде уплатена оштетата, а уплатата Израел ќе ја изврши во рок од 25 работни дена од стапувањето на договорот на сила.
Распределбата на тие средства на ожалостените семејства ќе ја врши турската влада.
Договорот ќе стапи на сила откако во двете земји ќе ја помине процедурата на одобрување на надлежните институции.
Дипломатските односи на Турција и Израел се обновени неодамна, откако беа прекинати од израелскиот напад на хуманитарниот брод Мави Мармара во близина на Појасот Газа. Групата на бродови на 31 мај 2010 година се обиде да додје до Појасот Газа, но припадниците на израелската војска ги нападнаа во меѓународните води и им го попречија патот. Девет луѓе беа убиени, а дваесет беа ранети.