Satuk Buğra Kutlugün
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили денес соопштија дека терористот на ПКК, Мурат Акдоган, со кодно име „Али Гевер“, е меѓу неутрализираните терористи за време на операцијата во северен Ирак на 14 септември, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во објава на Твитер, турската војска соопшти дека Акдоган, кој се наоѓал на портокаловата листа на барани терористи на Министерството за внатрешни работи на Турција, бил неутрализиран во петочните напади врз подрачјето на Авашин-Басјан во северен Ирак.
Листата на барани лица на турското МВР е поделена според приоритетноста на пет категории, црвената листа за најбарани лица, потоа следуваат сината, зелената, портокаловата и на крај, сивата листа.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.