Cansu Dikme
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на продолжението на истрагата за терористичката организација ФЕТО, турската полиција утринава приведе најмалку 33 осомничени лица, вклучувајќи ја и Фатманур Ѓулен, внуката на водачот на оваа терористичка организација, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Државното обвинителство во Истанбул утринава издаде налог за лишување од слобода на вкупно 121 осомничено лице. Постапувајќи по налогот, турската полиција покрена операции во 29 области.
Досега се приведени 33 лица, а полициската операција на терен е во тек.
Меѓу осомничените лица за кои истанбулското обвинителство издаде налог е и Белкис Нур Тетик, балдазата на Адил Оксуз, кој е истакнат член на ФЕТО и се смета за еден од главните раководители на обидот за воен удар, кој таа терористичка организација го изврши на 15 јули 2016 година.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.