Barış Kılıç,Zafer Fatih Beyaz
16 јануари 2016•Ажурирај: 17 јануари 2016
АНКАРА (АА) - Канцеларијата на државното Обвинителство во Анкара соопшти дека се бара притвор за 18 од 30 осомничени кои се приведени во рамки на истрагата со илегалните прислушкувања, јавува Anadolu Agency (AA).
"Осомничените во рамките на терористичката организација FETO/PDY прислушкувале политичари, судии, полициски службеници, припадници на турските Оружени сили (TSK), уметници и новинари", се наведува во соопштението.
Се додава дека е заклучено дека целта на осомничените била со намера за реализирање на интересите на FETO/PDY да користат информации во врска со лица кои ги следеле, а на испразнетите позиции да постават свои лица.
Инаку, осомничените делувале во рамки на органзацијата FETO или движењето познато како "Hizmet", со кои во повеќе институции биле врзани "паралелни структури" на чело со Фетула Ѓулен, за кој Турција претходно има распишано потерница.