Talha Öztürk
06 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Речиси седум милиони граѓани на Бугарија денеска на изборите бираат претседател на земјата а воедно се изјаснуваат на референдум за измени на изборниот систем и финансирањето на политичките партии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Избирачките места се отворени во седум часот, а за петогодишниот мандат за нов претседател се натпреваруваат 21 кандидат од 11 партии пет коалиции и 14 иницијативи.
Според анкетите, се верува дека најголема поддршка од граѓаните има Цецка Чачева кандидат (58) од владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ.
Нејзиниот најголем ривал кој го поддржуваат и социјалистите е Румен Радев (53) кој се залага за подобри односи со Москва.
Иако конечните резултати се очекува во вторник, 8 ноември, локалните политички аналитичари велат дека ниту еден кандидат нема да го освои потребното мнозинство (50 отсто), и дека најверојатно ќе има и втор круг на 13 ноември.