СКОПЈЕ (АА) – АДМИР ФАЗЛАГИЌ - Иако на пошироката јавност повеќе ѝ e познат како политичар кој имал високи државнички функции во Босна и Херцеговина, како што се министер за надворешни работи, потоа премиер на Владата на БиХ и бошњачки член на претседателството на БиХ. Освен што е политичар и универитетски професор со меѓународна кариера, Силајџиќ е и поет. Тој изминатите денови престојуваше во Скопје, каде што ја промовираше својата збирка на песни „Сарјечја" . Во разговор за Аnadolu Agency (AA), Силајџиќ зборува за својата поезија, за Босна и Херцеговина, сегашноста и иднината на земјите од регионот, како и хуманиот гест на Република Турција која згрижи околу три милиони бегалци.
На почетокот на разговорот Силајџиќ несебично открива дека идејата за промоција на неговата збирка поезија е на неговите пријатели од Скопје, вели дека со задоволство дојде во Скопје. Истакнувајќи дека книгата зборува за времето во кое живееме, Силајџиќ потсети дека со поезија се бави целиот свој живот, додека со политиката, како што рече, еден дел од животот. Тој наведе дека има многу политичари кои биле поети и книжевници.
„Ако зборуваме за политика, има многу политичари кои биле поети и книжевници. Во најдобрите времиња во Шпанија, Андалузија, не можеше да се замисли на чело да биде човек кој во најмала рака не знае нешто за поезијата", истакна Силајџиќ, говорејќи дека во споредба со политиката, во поезијата се чувствува поприродно, како и дека во неговата поезија најчесто преовладуваат мотиви од состојбата на човекот, поезија која, како што вели тој ги преиспитува вредностите на современиот свет.
- Поет и политичар -
„Поезијата кај мене е многу постара од политиката. Од 16 години почнав да пишувам, а кога дојдов до малку повеќе време, се обидов да го соберам тоа што го напишав и направив една збирка песни. Има и нови и стари, многу стари песни, поетски плурализам, не ни размислував за пристапи многу, се се случуваше спонтано. Таму каде што римата може да биде убава, не се откажувам од неа, но исто така и од слободниот стих, тоа го комбинирам и ете имаме песна", вели Силајџиќ говорејќи за својата поезија, наведувајќи дека доколку поезијата допре до оние кои ја читаат ќе му биде особено задоволство.
Говорејќи за времето во кое живееме, Силајџиќ е со став дека ние всушност водиме трка со времето, кое сакаме да го компресираме. Како што наведува сараевскиот поет и политичар, живемее во време кога луѓето се информирани, но тоа не значи и дека знаат, бидејќи, смета тој, помеѓу знаењето и информираноста не треба да стои знак на еднаквост, затоа што, вели, тоа не е исто. Поради тој факт, Силајџиќ истана дека денешното општество е општество без контекст.
„Многу е тешка состојбата, не само овде, туку и во целиот свет, владее чувство на фрагментираност, на поделби. Имам чувство дека големиот дел од населението на оваа планета едноставно чувствува дека не живее во стварноста, дека тоа е некоја друга стварност, а ние купувајќи ја технологијата се обидуваме да бидеме дел од таа стварност. Се работи за многу брзи промени кои не можеме да ги следиме и се создава чувство на непостоење, како да стварноста е на некое друго место, а не тука. Но сепак, јас сум оптимист дека ќе дојдат подобри времиња во кои ќе имаме хармонија. Мораме да го избаласираме духовното и материјалното и ќе ни биде подобро", смета Силајџиќ, анализирајќи го времето и просторот во кои живее современиот човек.
- Земјите од регионот треба да бидат дел од ЕУ -
Осврнувајќи се на состојбите во балканските земји, поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, очекува секоја од земјите од регионот да станат дел од Еврпската унија.
„Не очекувам ништо идеално, но од секоја од земјите во регионот очекувам да стане дел од ЕУ и секоја земја истовремено да негува добри односи со другите земји заради подобрување на животните услови во секоја од нив. Доколку не ни се случи тоа ќе ги загубиме младите генерации. Тие можат да најдат работа во Западна Европа, но тоа не треба да се случува, младите ни требаат тука", вели Силајџиќ.
Говорејќи околу состојбите во земјите од регионот Силајџиќ нагласи дека сè уште има популизам и национализам кои се користат како алатки за сокривање на неуспесите и недостатоците на владите да го спроведат она за што се задолжени.
„Има многу популизам бидејќи со популизмот и национализмот најдобро се сокриваат недостатоците на една влада. Меѓутоа луѓето бараат конкретни работи. Бараат нормален живот, вработувања, сакаат да бидат исто како и другите цивилизирани демократски општества”, истакнува Силајџиќ.
Присетувајќи се на 22.05.1992 година, денот кога Босна и Хецеговина (БиХ) стана членка на Обединетите нации токму во периодот кога тој беше министер за надворешни работи, Силајџик наведува дека тогаш напорно се работеше за БиХ да биде признаена од ОН, истакнува дека тоа им ја отежна ситуацијата на агресорите кои убиваа цивили, но и покрај сè, додава Силајџиќ, БиХ остана суверена земја.
„Таа година за жал се случи агресијата во Босна и Херцговина. Јас тогаш бев министер за надворешни работи и мојата главна цел беше БиХ да стане полноправна членка на ОН, и токму тоа и го постигнавме на 22-ри мај 1992 година, за жал следеше агресијата на БиХ, но сега на признаена членка на ОН, што им ја отежна ситауцијата на агресорите и што донесе сепак Босна и Херцеговина да остане суверена земја. Се сеќавам на изненадувањето со кое луѓето го доживуваа тоа. Со таа агресија, со тој план да се убиваат цивили, да се депортираат... Тоа сите не изненади, беше тоа една ситуација во која луѓето не беа ментално спремни да ја поднесат. Живееја во мир, однеднаш живеат во ужас, тоа беше војна против цивилите, така што дојде до една траума со која луѓето и ден денес се обидуваат да се помират, дека тоа се случило. Многу е тешко да се помирите со тоа. Нашиот просперитет е во голема мера врзан за навиките, обичаите, културата, менталитетот генерално, и доколку сакаме некои промени ќе мораме да ги смениме работите, пред сè со организирање на енергиите на младите луѓе", вели Силајџиќ додавајќи дека состојбите во општеството можат да се поправат со негова вистинска демократизација, при што е потребно луѓето сами да се организаираат и да се вклопат во актуелните текови на современиот свет.
Искажувајќи ги своите ставови во однос на идните очекувања од севкупните општествени текови во БиХ но и во регионот, Силајџиќ вели дека е оптимист, кој својот оптимизам го темели на новата генерација за која смета дека е попамента и подобра.
- Силајџиќ за Турција: За секоја пофалба е гестот на Турција која прими околу три милиони бегалци -
Бегалската и мигрантска криза како глобализациски проблем се наметнува како незаобиколна тема. Говорејќи за улогата на Турција и нејзинте преземени активности во однос на бегалската криза, Силајџиќ подвлекува дека е за секоја пофалба она што го прави Турција, бидејќи, како што вели, Турција обезбеди достоинствен живот на околу три милиони бегалци, на кои достоинството е единственото нешто што им е останато.
„Без оглед за која земја се работи, во овој случај Турција, која прими околу три милиони бегалци и обезбеди достоинствен живот, тоа е само за секоја пофалба. Тоа можам да го речам и за Германија, која не само на тие луѓе, туку и на Германија во идинина ќе ѝ донесе просперитет. Погледнете ги само тие луѓе. Тие ја направија Америка. Стив Џобс беше Сиријец и тоа бегалец. Бегалците ја направија Америка и можат да ја подобрат Европа. Некаде постои политичка потреба тоа да се врзува со тероризмот, има и такви случаи. Многу луѓе во Европа допринесоа, тие луѓе, на кои единствено им остана достоинството, истото да го сочуваат. Доброто дело се враќа. Ние сме цивилизирани онолку колку што посветуваме внимание на слабата карика во општеството. Цивилизираното општество посветува внимание на незаштитениот човек во општеството, затоа оние кои ги прифатија бегалците се за секоја пофалба. Има и такви кои подигаат sидови но тие не можат да го спречат тоа. Постои нешто што се вика космичка правда, доколку работиш добро, добро и ќе најдеш", смета Силајџиќ.
news_share_descriptionsubscription_contact


