Bilgin S. Şaşmaz
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - Најголемиот саем за електориника ЦЕС (Consumer Electronics Show) кој јубилејно се одржува по 50 пат во Лас Вегас се собраа најголемите технолошки гиганти, јавува Anadolu Agency (AA).
На саемот отворен на 5. јануари, се претставија над 3.800 компании кои работат во светот на електрониката, со над 165.000 учесници од 150 земји.
Саемот е организиран на три локации во градот, а многуте компании своите нови производи им ги претставија на потрошувачите.
Роботи, телевизори со 8К резолуција, паметни домашни системи, беспилотни летала, автомобили без возач, се само дел од широкиот спектар на производи кои примамија голем број посетители.
Компаниите меѓусебно се натпреваруваа во што подобро претставување, при што ЦЕС сигурно е еден од најдобрите настани во градот во последно време.
Планирано е да се одржат седници, состаноци и над 300 конференции, а саемот ќе заврши на 9 јануари.