Amina Zorniç
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Околу 5.000 учесници се приклучија на првата велосипедска трка во Москва оваа година, на минус 28 Целзиусови степени, пишува Anadolu Agency (AA).
На патеката во должина од 14 километри се приклучија велосипедистите од Санкт Петербург, Петрозаводск, Новосибирск и други места, а сè со цел развивање на велосипедската инфраструктура и безбедноста на патиштата.
Поради екстремно ниските температури, повеќето велосипедисти беа облечени во дебели јакни и капути, а на некои од нив, завиени со шал и капа, не им се гледаа лицата.