Bayram Altuğ
18 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Во Женева, во тек е 6. круг од преговорите за Сирија, на кои опозициската делегација предводена од страна на Насир ел-Харири разговараше за уставните прашања со високиот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, јавува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на ОН во Женева, специјалниот претставник на ОН за Сирија, Де Мистура, одржа одделни средби со делегациите на режимот во Сирија и на опозицијата.
Според добиените информации, Де Мистура на средбата со опозицијата предложил да се формира работна група за уставните прашања и препорача во оваа група да учествуваат претставници и од опозициската и од режимската делегација.
Претставниците на опозицијата, оценувајќи го предлогот, со Мистура ги споделија своите гледишта и предлози за времетраењето на работната група и колку обврзувачки се нејзините одлуки.
Де Мистура во азговорот со Харири, предводникот на опозициската делегација, изјави дека одново ќе ја ревидира работната група и ќе ја претстави на нивната наредна средба во оваој 6. круг на преговорите за Сирија.
На остварените средби, опозицијата од Де Мистура побара на престојните состаноци особено внимание да му се посевети на прашањето за преодна влада, што Де Мистура го прифатил.
Од друга страна, се очекува Де Мистура да оствари по две средби со претставниците на режимот и на опозицијата.
На прес-конференцијата пред почетокот на 6. круг преговори за Сирија, Де Мистура соопшти дека на овие состаноци детално ќе се разгледаат прашањата за преодна влада, уставот, изборите и борбата со тероризмот.