Ata Ufuk Şeker
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - „Facebook“ доби парична казна од 110 милиони евра од страна на Европската Унија (ЕУ) затоа што во процесот на купување на апликацијата „WhatsApp“ дал лажни информации, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија соопшти дека компанијата „Facebook“ е казнета со глоба врз основа на тоа што информациите коишто оваа компанија ги дала при процесот на купување на апликацијата „WhatsApp“ биле погрешни, неточни и лажни
„Facebook“ во 2014 година ја купи апликацијата „WhatsApp“ за 22 милиона долари. Откако ја купи оваа апликација, компанијата „Facebook“ пред регулаторната комисија на ЕУ се обврза дека нема да ги собира личните податоци од корисниците на „WhatsApp“, дека двете компании нема меѓусебно да ги споделуваат податоците и нема да ги здружат сметките на корисниците. Но, со променетите политики, во август „WhatsApp“ почна со матичната компанија „Facebook“ да споделува различни кориснички податоци, како телефонски броеви и имиња на профилите.
Европската комисија во изминатите месеци официјално го обвини „Facebook“, врз основа на тоа што дејствувала спротивно со првичната изјава во процесот на процената за соединување во 2014 година, како и спротивно со прописите на ЕУ.
Донесена е одлука „Facebook“ да биде казнет со парична казна од 110 милиони долари затоа што изјавите и оправдувањата дадени од страна на оваа компанија за Европската комисија не се доволни.
Ревизијата на соединувањето или купувањето на големите компании што работат во Европа е една од надлежностите на Европската комисија. Европската комисија во овие ревизии оценува дали постои антиконкурентност.