Mahmut Geldi
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници уапсија дваесет и двајца Палестинци во неколку делови на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската армија се наведува дека минатата ноќ се извршени упади во домовите на Палестинци во Хеброн, Кафр Кадум, Силвада, Хазма, Абуда, Бејт Ава, Eс-Саму и во Eл-Аруба.
Палестинците се уапсени поради вмешаност во терористички активности.
Израелските сили често вршат упади во палестинските домови на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, и ги притвораат Палестинците поради разни причини.
Во извештајот на неколку организации, меѓу кои и Здружението на палестинските затвореници, се вели дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, а меѓу нив има и жени и деца.