Ekipa
04 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) денес започнаа петдневна воена вежба во која учествуваат 12.000 лица и над 230 воени авиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вежбата „Vigilant ACE“ веќе беше претходно закажана, но нејзиното одвивање се случи на помалку од една недела откако Северна Кореја ја тестираше својата досега најмоќна интерконтинентална балистичка ракета.
24 американски „стелт“ авиони се меѓу авионите мобилизирани за вежбата, која е насочена кон подобрување на способноста за операции при сите временски услови, дневни и ноќни, и комбинирани воздушни операции на Јужна Кореја и на САД“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја кое го пренесе новинската агенција „Јонхап“.
Додека Јужна Кореја сакаше да ја истакне одбранбената природа на овонеделната акција, „Vigilant ACE“ вклучува и способност за напад на одредени цели на Северна Кореја во одредени борбени сценарија.
Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг ја осуди вежбата уште минатата сабота, пред таа да започне, и го предупреди претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговата земја ќе мора да ја прифати целосната одговорност доколку избие нуклеарна војна.