Islam Uddin
09 Април 2026•Ажурирај: 09 Април 2026
Кина успешно лансираше нова група интернет-сателити во ниската орбита на Земјата рано утрово, што претставува уште еден чекор во нејзината проширена вселенска програма, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Сателитите беа лансирани во вселената рано наутро од Центарот за лансирање сателити Таијуан во северната покраина Шанкси, објави „Синхуа њуз“.
Официјалните претставници потврдија дека групата сателити - идентификувана како 21. серија нискоорбитни интернет-сателити, успешно влегла во нивната одредена орбита.
Мисијата, исто така, означи пресвртница за вселенските активности на Кина, тоа е 637. лет од серијата ракети „Лонг Марч“, а продолжува да игра централна улога во растечките амбиции на земјата во вселенската технологија и глобалната комуникациска инфраструктура.