Gökhan Ergöçün
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека Турција придава големо значење на паметните градови, кои нудат висококвалитетен воздух, градови без отпад, брза комуникација и транспорт, јавува Anadolu Agency (AA).
„Покрај целите за одржлив развој, технологијата има големи можности за луѓето да живеат среќно во градовите“, изјави Варанк на Самитот „Картепе 2019“, организиран под темата „Урбанизација и среќни градови“, во индустриската турска област Коџаели.
„Истражувачките и развојните активности и иновациите се важни за паметните градови“, нагласи тој.
„Според најновата анализа, иновациите од паметните градови ќе придонесат со 20 билиони долари во глобалната економија во следните 10 години“, рече тој.
Варанк истакна дека тоа значи над 27 земји со големина на Турција ќе се приклучат кон глобалниот систем.
„Секој нов чекор во овие технологии ќе им даде на земјите значајна глобална конкурентска предност“, истакна тој и додаде: „Ја видовме оваа можност и ги забрзавме нашите истражувања на ова поле.“
Турскиот министер порача дека Турција ќе ги спроведе проектите за паметните градови со поддршка на централната власт и локалните институции.
Тој рече дека турското Министерство за индустрија и технологија потпишало договор за соработка со Министерството за животна средина и урбанизација и истанбулската општина Есенлер за формирање паметен град на површина од 8 милиони квадратни метри.
„Овој проект ќе биде центар на електричните автомобили, автономните возила, информатичките технологии и софтвери“, истакна тој.
„Ние придаваме голема важност на претпријатијата во паметните градови, можеме да станеме клучен играч на пазарот од 20 билиони долари“, додаде тој.