Dildar Baykan
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Адам Мосери, досегашниот заменик-директор за производи, стана нов директор на Инстаграм, апликацијата за размена на фотографии во сопственост на Фејсбук, јавува Anadolu Agency (AA).
Од американската компанија потврдија дека Мосери го презема управувањето со Инстаграм.
Основачите на Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Кригер, изразија задоволство што Мосери дошол на чело на компанијата.
Мосери во 2008 година започна да работи во компанијата Фејсбук, во тоа за дизајн, по што премина во тимот на Инстаграм.
Инаку, Систром и Кригер минатата недела соопштија дека одлучиле да ја напуштат компанијата за повторно да ја истражуваат својата љубопитност и креативност.
Фејсбук го купи Инстаграм во 2012 година за милијарда долари во кеш и акции, а денес има повеќе од милијарда корисници. Систром и Кригер го основаа Инстаграм во 2010 година и продолжија со него да управуваат и по продажбата на Фејсбук.