Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АА) - Објавени се информации дека благодарение на бактериите што живеат во солените води на Антарктикот, можно е да се расветли еволуцијата на вирусите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од истражувањето што 18 месеци го спроведуваа научниците од Австралија се објавени во списанието „Nature Microbiology“ (Микробиологија на природата). Во објавената статија се наведува дека во структурата на некои бактерии се забележани мали алки од молекули на ДНК кои се домаќини на плазмиди.
Научниците сметаат дека со независно извлекување на плазмиди од клетката-домаќин, можно е да им се помогне на вирусите да се развиваат и да опстанат, така што благодарение на ова истражување ќе биде возможно да се расветли еволуцијата на вирусите.
„Плазмидите што ги пронајдовме во антарктичките микроорганизми се маскираа како вируси. Тие произведоа протеини коишто влегоа во мембраната на домаќинот, која потоа ѝ дозволува на мембраната да се одвои содржејќи го плазмидот на ДНК“, изјави водачот на проектот, проф. Рик Кавичиоли од Универзитетот на Нов Јужен Велс УНСВ во Сиднеј.
Доктор Сузана Ердман истакна дека истражувањето дава впечаток оти некои вируси еволуирале од плазмиди.