Gökhan Ergöçün
31 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот експо за видеоигри „Gaming Istanbul“ (GIST) 2019, започна денес во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година, четвртото издание на саемот, се организира на површина од 18.000 квадратни метри во Уметничко-изложбениот центар „Евроазија“.
Четиридневниот настан е збогатен со награден гејминг-турнир, натпревар во најдобри костими и маски, настани за професионалци, како и простор наменет за „гејмерите“, дел за шопинг, за ретроигри и друго.

На настанот се присутни и технолошките и гигантите во креирање видеоигри како „Dell“, HP, „Sony“, „Fortnite“, „Nintendo“ и „Microsoft“.
Неколкумина професионалци и експерти од тој сектор ќе одржат говори на ГИСТ-конференциите кои се на агендата во следните четири дена.
Минатата година експото го посетија над 90.000 луѓе, додека оваа година се очекуваат над 100.000 посетители.
Различни развивачи на игри, како и фирми, отворија штандови и се дел од експото.
Турција, со остварен извоз на видеоигри од над една милијарда долари минатата година, со својата млада популација претставува клучен играч во овој сектор.