Riyaz Ul Khaliq
05 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Кина го активираше своето прво „вештачко сонце“ со нуклеарно напојување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кинеската национална нуклеарна корпорација (CNNC) соопшти дека „вештачкото сонце“ HL-2M Tokamak користи „моќно магнетно поле за фузија на топла плазма и може да достигне температура од над 150 милиони степени Целзиусови“, објави новинската агенција „Синхуа“.
Иновацијата се смета за огромен напредок на кинеските нуклеарни истражувачки способности. Како гориво ќе се користат гасови на водород и деутериум. Гигантскиот уред се наоѓа во Ченгду, во југозападната покраина Сечуан.
Уредот се очекува да обезбеди чиста енергија преку контролирана нуклеарна фузија.
Во соопштението се додава дека уредот е најголем во земјата по обем и највисок според параметрите, со понапредна структура и режим на контрола од неговиот претходник, „HL-2A Tokamak“.
„Времето на губење на енергијата од меѓународните токамак-уреди е помалку од една секунда. Времето на енергијата кај HL-2M е неколку стотици милисекунди“, изјави Јанг Кингвеи, главен инженер на HL-2M од Југозападниот институт за физика, што работи под Кинеската национална нуклеарна корпорација (CNNC).