Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека китот-убиец има сличен карактер со човекот и шимпанзото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанските научници реализираа студија во врска со карактеристиките на карактерот на 24 китови-убијци во зоолошките градини „Морски свет Орландо“, „Морски свет Сан Диего“ и „Лоро Парк“.
Научниците истакнаа дека 6 од овие китови се донесени од дивата природа, додека другите се родиле во зоолошки градини, и дека овие китови имаат слични карактеристики со карактерот на човекот и шимпанзото, како што се независноста, храброста, своеглавоста, чувствителноста и др.
Лидерот на тимот истражувачи, Јулан Убеда, од Универзитетот во Жирона, рече дека ова е прва студија која открива дека особините на карактерот на китовите-убијци се слични со карактерот на човекот и шимпанзото.
Деталите на истражувањето се објавени на интернет-страницата на списанието „Comparative Psychology“.