Dilara Hamit
27 Јули 2024•Ажурирај: 30 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Официјални лица на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) и на Боинг објавија дека сѐ уште не е утврден датумот на враќањето на Земјата на капсулата „Старлајнер“ со двајца астронаути на НАСА, известува Анадолу.
Според Си-Ен-Ен, претставници на НАСА и на Боинг на прес-конференција изјавиле дека со недели спроведуваат напори за решавање на прооблемот и тестања за да се утврдат проблемите со вселенското летало.
Тест-пилотите Буч Вилмор и Суни Вилијамс требаше да се вратат кон средината на јуни, но дефектите на погонот и истекувањето на хелиум од новата капсула „Старлајнер“ на Боинг ги натераа НАСА и Боинг астронаутите да ги задржат малку подолго.
Официјалните лица рекоа дека истражувањата им помогнале на инженерите подобро да ги разберат „основните причини“ на проблемот и дека инженерите имаат некои можни одговори зошто дошло до истекување на хелиум и зошто погонските потисници неочекувано престанале да работат.
Тие објаснија дека изворот на проблемот би можел да биде акумулацијата на топлина што се собира во погонот.
Официјалните лица рекоа дека работата продолжува на решавање на проблемот и дека не е одреден датум за враќањето на Земјата на капсулата Старлајнер со двајца астронаути на НАСА.
Стив Стич, менаџер на Програмата за комерцијален екипаж на НАСА, рече дека сѐ уште не се подготвени да одредат датум за враќање. Toj истакна дека НАСА ќе спроведе инспекција во првата недела од август и дека по оваа инспекција ќе се планира враќањеto на Старлајнер.