Amina Zorniç
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Даниел Фишер, експерт за истражување на мамути од Универзитетот во Мичиген, тврди дека се пронајдени скелетни остатоци од мамут кои покажуваат дека луѓето живееле на Арктикот пред околу 45 илјади години, јавува Anadolu Agency(АА).
Во северниот дел на Русија, според тврдењата на Даниел Фишер, експерт во областа на истражување мамути од Универзитетот во Мичиген, откриени се коски на мамут кои имаат забележителни траги на осакатување и прободување.
Мамутот, според експертот, веројатно го измачувале луѓе, што го докажува нивното присуство на Арктикот пред 45.000 години. Присуството на луѓе, според последната теорија, се смета за пред најмалку 5.000 години. Покрај тоа, оштетените врвови на мамутските коски покажуваат дека луѓето ги користеле за правење алатки.
Коските на мамутот ги пронашло руското момче Евгениј Солиндер во август 2011 година, на околу 2.000 километри јужно од Северниот Пол.
Тимот на научници кои го ископаа мамутот под површината на мразот го нарекоа "Zhenya", прекар на момчето кое го пронајде.
Научниците откриле дека очната шуплина на мамутот, ребрата и вилицата се оштетени, веројатно со копје направено од луѓе.