Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (AA) - На североистокот на Сибир пронајден е добро сочуван фосил на птица од ледено време, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Деталите на откритието се објавени во списанието „Communications Biology“.
Научниците со проучувањето на фосилните остатоци на птиците од ледено време, кои се добро сочувани, идентификуваа примерок на планинска ушеста чучулига.
Истрагата за остатоците на животното, кое ловците го пронајдоа во близина на селото Белаја Гора, доставена е на група стручњаци, меѓу кои се и Николас Дусекс и Лов Дален од шведскиот Музеј на природна историја. Откриено е дека птицата живеела пред околу 46.000 години.
Дален рече дека птицата може да биде предок на два подвида, еден што живее на северот на Русија, а друг во монголските стени.
Се наведува дека експертите ќе се обидат да го откријат генот на птицата. Остатоци од волк, мамут и носорог претходно се пронајдени во овој дел на Сибир.