Levent Tok
04 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Сириската опозиција јави дека нивните сили соборија авион на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој го бомбардираше сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација за АА ја потврди и портпаролот на опозициската воена група Ахару' Сам Ахмет Карали.
„Режимскиот авион леташе ниско во текот на бомбардирањето на Идлиб. Го погодивме со протуавионски топ 23 мм. Откако е погоден, приметивме дека дојде до расипување. Почна да паѓа", рече Карали.
Гувернерот на турската област Хатај Ердал Ата, инаку, областа која се наоѓа на границата со Сирија, потврди дека стаса дојава дека еден авион паднал околу селото Јајлаџик, недалеку од турскиот град Хатај.
„Според информациите кои штотуку ги добив, екипите на нашата Жандармерија пронајдоа остатоци од авионот. Местот на пилотот беше празно, затоа сметаме дека пилотот скокнал пред падот на авионот, рече Ата.